Канадскиот пејач Џастин Бибер многу рано ги почувствува убавината и товарот на славата, а за своите ментални проблеми, за борбата за нивно надминување говори во документарецот што го следи неговиот живот.
„Џастин Бибер: следно поглавје“ е документарен филм, кој ги следи тивките самоубиствени мисли на 26-годишниот пејач.
– Има моменти кога навистина се чувствував самоубиствено. Се прашував дали ќе престане некогаш болката. Повеќе сакав да не чувствувам ништо отколку болката што ја носев во себе – вели Бибер во филмот.
Џастин Бибер вели дека можел да се поштеди од многу болка доколку зборувал погласно за своите проблеми и сака да ги охрабри другите да бидат поотворени во врска со нивното ментално здравје.
– Само сакам да ги охрабрам луѓето. Ако се чувствувате осамено, зборувајте за тоа. Кажете го тоа гласно – вели пејачот.
Бибер во 2018 година се сврши со моделката Хејли Болдвин, а минатата година искрено прозборе за своите ментални проблеми, објавувајќи на инстаграм-профилот.
– Кога сте презаситени со вашиот живот, минато, работа, одговорности, емоции, семејство, финансии, врски, тешко е да станете од кревет наутро со позитивен став. Кога чувствувате дека проблем се надоврзува на проблем, почнувате да го гледате денот низ призмата на страв, почнувате да предвидувате уште еден лош ден – напиша Бибер.