Обединетите Арапски Емирати ѝ донираа на Македонија десет тони помош за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Доделената помош е во рамките на Емиирејтс еид (ЕMIRATES AID – COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на Шеикот престолонаследник и заменик врховен командант на вооружените сили на ОАЕ, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, принцот на Абу Даби.
Министерството за здравство доби донација од заштитни маски, скафандери, визри, заштитни наочари и ковид тестови. Опремата и тестовите во текот на наредните денови ќе бидат распределени низ болниците во земјава.