Министерот за правда, Бојан Маричиќ, учествуваше на онлајн конференција на министрите за правда, која се одржува под покровителство на грчкото претседателство со Советот на Европа. Во обраќањето пред своите европски колеги министерот се осврна на потребата од зголемување на довербата која граѓаните ја имаат во правосудниот систем.
Маричиќ истакна дека зголемената отвореност и транспарентност на судството и обвинителството се клучните принципи на коi се темели реформата и неговата мандатна мисија, чија главна цел е зголемување на довербата.
– Остануваме посветени на реформскиот процес од Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални правда во блиска координација и партнерство со Брисел и Стразбур. Патот на евроинтеграцијата за нас е невообичаено долг, но посветеноста да се стане членка на ЕУ, секогаш била присутна и силна. Северна Македонија се согласи со новата преговарачка методологија и посилно партнерство со ЕУ и се надеваме дека историските прашања нема да бидат пречка за подобра иднина на земјата и регионот.Покрај сите турбуленции, Северна Македонија очекува отворањето на преговорите за пристапување кон ЕУ, а тесната соработка со институциите на ЕУ да бидат дополнителен, моќен мотив за подлабоки реформи во судскиот систем – се вели во соопштението.