Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретна со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, -р Дејан Докиќ, како и со дел од медицинскиот персонал, на интерните клиники каде веќе од денеска на располагање се ставаат 150 болнички кревети за лекување на ковид пациенти.
Овој проект со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со ковид-19, нема да го поремети нормалното функционирање на сите овие клиники.
Изминатиов период, министерот Филипче со директорите на сите интерни клиники одржа повеќе координативни состаноци, медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку „Мој термин“.