Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го обвини премиерот Зоран Заев дека ги задолжил граѓаните 2 милијарди евра. Тој ги праша граѓаните дали се сеќаваат барем на еден проект за подобар живот на сите.
– Почитувани граѓани, почитувани уметници и културни работници, почитувани стопанственици, сопственици на мали и средни бизниси, почитувани доктори и здравствени работници, почитувани работници, невработени, стечајци, почитувани земјоделци, почитувани професори, наставници, студенти, средношколци, почитувани синдикати, организации и здруженија, Владата на Заев сите нас нѐ задолжи 2 милијарди евра, можете ли да се сетите барем на еден видлив проект со кој животот станал подобар – напиша Мицкоски на Фејсбук.