Програмата за намалување на аерозагадувањето, за која за прв пат се издвоија средства продолжи да се спроведува и во 2020 година и речиси е при крај нејзината реализација, рече портпаролот на Владата, Душко Арсовски, на прашањето дали се планираат дополнителни за намалување на аерозагадувањето.
Тој кажа дека Програмата содржи низа технички мерки за намалување на загадувањето од домашно затоплување, транспортот, индустријата, градежништвото и отпадот.
Портпаролот Арсовски нагласи дека и за 2021 година повторно е проектирана Програмата за намалување на аерозагадувањето и за нејзина имплементација се предвидени 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност, обновување на урбано зеленило. Имплементацијата ќе биде преку Генералниот секретаријат, а се работи на измени на законската регулатива и зголемување на казните за прекршоци во животната средина, како и зачестени инспекциски контроли.