Посмртните останки на загинатите американски војници наредните недели ќе бидат доставени од Северна Кореја во САД, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео.
Враќањето на останките на војниците убиени во Корејската војна 1950- 53, е еден од договорите, кои на самитот на 12 јуни ги постигнаа американскиот претседател Доналд Трамп и сверенокорејскиот лидер Ким Џонг – ун во Сингапур.
Повеќе од илјада војници се водат како исчезнати во Корејската војна.