Што не треба да консумирате ако сте настинати?
Ако сте настинати, веројатно немате апетит, но, сепак, мора да јадете нешто, за да си ја поправите здравствената состојба. Но, внимавајте, од некои артикли и пијалаци може да ви биде полошо. Па, ако сакате побрзо да оздравите, еве што да избегнувате:
Кафе: кофеинот е диуретик, па може да бидете дехидрирани, а токму хидратацијата на кожата му помага на имунолошкиот систем во одбраната од вирусите и инфекциите. Ако, пак, имате нагон за повраќање или дијареја, треба да имате предвид дека кофеинот ги стимулира мускулите на вашите органи за варење, поради што симптомите може да бидат поинтензивни.
Газирани пијалаци: освен што некои содржат кофеин, тие се преполни со шеќери, кои ја намалуваат способноста на вашиот имунолошки систем и неповолно дејствуваат на органите за варење. Оние, пак, диеталните имаат вештачки засладувачи, што може да предизвика грчеви. Затоа, пијте вода со електролити и природно цедени сокови со мед.
Слатки: консумирањето на преработениот шеќер може привремено да ја оневозможи способноста на белите крвни зрнца да се борат против бактериите. Исто така, шеќерот може да ја извлече водата од системот за варење, а тоа пак да предизвика дијареја.