Судењето за „Таргет-Тврдина“ е одложено за 16 октомври поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, кој вчера развил симптоми на коронавирус – покачена температура и кашлица, откако неговата сопруга била позитивна на ковид-19, пренесуваат повеќе медиуми.
Адвокатот Љупчо Шврговски, го извести судот дека неговиот клиент Сашо Мијалков ќе биде тестиран во текот на денешниот ден, по што резултатите ќе бидат доставени до судот. Бранителот на Мијалков, до судот го достави и позитивниот тест на сопругата на обвинетиот и издадената терапија.
Судот претходно нотираше писмен допис од Стојанче Ангелов, со барање да биде вклучен како оштетен во овој предмет. На денешното рочиште, требаше да бидат сослушани повеќе сведоци-оштетени.
Според обвинителниот акт, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани