Полицијата вчера исклучила од сообраќај 15 возила за јавен превоз во Скопје поради технички неисправности, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (5 октомври) во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.
– Санкционирани се 15 возила, од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден – соопшти МВР.