Во текот на викендот Комисијата за заразни болети ќе излезе со соодветни препораки, откако вчера беа регистрирани рекордни 225 новозаразени со коронавирус во земјата.
Министерот за здравство, Венко Филипче најави детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците за да се утврди точно начинот на трансмисија на вирусот во повеќе општини, односно градови во државата. Врз основа на тоа, како што рече Филипче, ќе заземат став дали се потребни некакви мерки коишто би ги препорачале понатаму до Владата.
Инаку, од вчерашните новозаразени најмногу беа од Скопје-96, Кочани-17, Тетово-15, Струмица-11 и Берово-10.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.363, бројката на оздравени пациенти е 15.164, на починати е 749.
Во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.450, од кои најмногу во Скопје (834), Куманово (182), Кочани (172), Струмица (167), Тетово(150), Прилеп (126).
Од скопските општини најмногу заразени во моментот има во Аеродром (141), Центар (127), Карпош (111) и Гази Баба (100).