Во во полициската станица Неготино, 59-годишна жена од овој град вчера пријавила дека била измамена од 18-годишниот А.М. од селото Патишка Река, за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, околу 13 часот истиот ден, таа и нејзиниот сопруг кај нотар во Неготино со 18-годишникот завериле купопродажен договор за нивното возило „ауди а4“, а тинејџерот бил придружуван и од неговиот брат Н.М.
По ова, сите заедно заминале за Кавадарци, каде А.М. отишол во банка за да подигне пари во износ од 10.000 евра за исплата на возилото, додека пријавителката, нејзиниот сопруг и Н.М. чекале.
Според пријавеното, по некое време братот на 18-годишникот им рекол на сопружниците дека ќе оди до банката да види до каде е брат му, но и двајцата не се вратиле, па за кусо време во банката отишле и пријавителката со сопругот, но не ги пронашле ни браќата, ниту возилото, по што заклучиле дека се измамени.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.