Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана претседателот на Македонија Стево Пендаровски. Пахор ќе биде придружуван од министрите за економски развој и технологија Здравко Почивалшек и за одбрана Матеј Тонин.
Двајцата претседатели ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе одржат и заедничка прес-конференција, а Пахор ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев и со претседателот на Собранието Талат Џафери. Словенечкиот претседател ќе се обрати и пред пратениците во парламентот.
Предвидено е Пахор да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје. Словонечкиот претседателот утре ќе престојува во Охрид и заедно со Пендаровски ќе следи показна вежба на специјалните сили на АРМ во Кампот за обука на вода – Охрид.