Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември е одложен за 1-ви и 2-ри октомври, објавено е од Брисел.
Оттаму наведуваат дека припадник на обезбедувањето на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е позитивен на коронавирус.
– Бидејќи службеникот од обезбедувањето бил во постојан контакт со претседателот, Шарл Мишел е во карантин – објави портпаролот на Мишел, Баренд Лејтс на Твитер.
Лејтс додал дека Шарл Мишел редовно се тестира и дека вчерашното тестирање покажало дека е негативен на kовид-19.