На внатрешната седница на владата, германската канцеларка Ангела Меркел првенствено го критикуваше однесувањето на австрискиот канцелар Себастијан Курц во врска со бегалскиот камп Морија.
Германските медиуми пишуваат дека односот меѓу Германија и Австрија станува сè понапнат, а актуелното прашање на раздор, за кое имало несогласувања и во минатото, е темата на миграцијата.
Меркел јасно кажа за курсот на канцеларот Курц, кој викендов ја потврди својата политика дека нема да прифати ниту едно дете, ниту една личност од логорот Морија, пишува „Билд“.
Според Меркел, улогата што Австрија ја игра во Европа не е добра.
Не може да се бара „рабат“ на Самитот на ЕУ, а потоа да се остане настрана во распределбата на бегалците, рече таа.
Курц викендов јасно стави до знаење дека приемот на бегалци од логорот Морија ќе биде „погрешен сигнал“ и дека тој во принцип одбива да учествува во него.