Модната недела во Милано ќе се одржи од 22 до 28 септември, при што колекциите за пролет и лето ќе бидат претставени со дигитални презентации, но и во живо.
Тоа ќе биде прва модна недела во Милано со постепено враќање во нормала, откако Милано претходно во јули организираше дигитални модни презентации наместо традиционални модни ревии.
Враќање во нормала, но со сите потребни мерки на претпазливост како што е почитување на строгите ковид-правила.
Организаторите посочуваат дека „главниот херој“ на Модната недела, што ќе започне во Милано за десет дена, е храброста.
Италијанските медиуми пренесуваат дека на Модната недела во Милано ќе учествуваат Валентино, Фенди, Армани, Прада, Долче и Габана, Етро и Макс Мара кои, меѓу другите, ќе ги претстават своите нови колекции.