Славниот актер Шон Конери денеска полни 90 години, но остана поим за идеален Шкотланѓанец и елегантна мажественост.
Шон Конери познат како ултимативен Џемс Бонд денес живее повлечено од Холивуд и од јавноста.
Од моментот кога седеше на коцкарската маса и тивко го изговори „Бонд, Џејмс Бонд“, Шон Конери стана меѓународна ѕвезда и влезе во легендите.
Роден во работничко семејство во Единбург, Конери стана Џејмс Бонд во 1962 година, по неколку помали улоги во британски филмови. Пред тоа бил во кралската морнарица, работел како млекар и бил посветен бодибилдер и сосема солиден фудбалер.
Тој има снимено седум филма за Џејмс Бонд, кои го направија симбол на мажественост. На Конери му требало долго време да излезе од сенката на ликот на Џејмс Бонд.
За филмот „Недопирливите“ во 1988 година освои „оскар“ за најдобра споредна улога и истовремено се здоби со слава благодарение на серијалот „Индијана Џонс“. Тој одби да се појави во четвртиот дел на „Индијана Џонс“, велејќи дека ужива во пензијата.
Последниот филм го сними во 2003 година, а од јавниот живот целосно се повлече во 2011.