По Сетиен и Абидал доби отказ од Барселона

Спортскиот директор Ерик Абидал е најновата жртва од висок профил во Барселона, како последица на понижувачкиот пораз од Баерн (2-8) и елиминацијата во четврт-финалето на Лигата на шампионите (ЛШ).
Французинот, поранешен играч на Барселона, кој две години беше на функцијата си заминува од клубот, 24 часа по отказот на тренерот Кике Сетиен.
На Абидал најмногу му се забележува за серијата лоши трансфер-зделки во минатите две години, иако слично беше и пред тој да ја преземе улогата на спортски директор.
Долга е листата на трансфер-промашувања на Абидал. Од ланските „утки“ предничи Антоан Гризман, за кого на Атлетико ми беа платени 120 милиони евра, а сезоната ја заврши на клупата за резервни играчи! Френки де Јонг ја чинеше Барселона 75 милиони евра, но тој не се покажа во добро издание, беше повеќе просечен. Натаму како лоши зделки се оние на Осман Дембеле (125 милиони евра), на Жуниор Фирпо (18 милиони), на Мартин Брајтвејт (18), па на Артуро Видал (18) итн.
Според информациите од Шпанија, повеќето фудбалери на Барселона, која првпат по 2007 година не освојува ниеден трофеј, ќе бидат ставени на трансфер-листата, Лионел Меси не е меѓу нив, но на големо се шпекулира дека сака да си замине од Барселона иако од клубот го негираат тоа. 


Си­лекс се про­сти од ЛШ, но про­дол­жу­ва во ЛЕ

Си­лекс, ма­ке­дон­ски­от прет­став­ник во ква­ли­фи­ка­ци­и­те во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те (ЛШ), за­гу­би на го­сти од Ка­ра­бах во Ба­ку (Азер­беј­џан) со 0-4 и не ја ми­на пр­ва­та ква­ли­фи­ка­ци­ска рун­да (се игра са­мо еден меч по­ра­ди ко­вид-19). Си­лекс се нај­де во ква­ли­фи­ка­ци­и­те, оти Вар­дар не до­би ли­цен­ца за на­стап во Евро­па.
Си­лекс, се­пак, про­дол­жу­ва со евро­нат­пре­ва­ри­те во вто­ра­та ква­ли­фи­ка­ци­ска рун­да во Ли­га Евро­па (ЛЕ).
Дру­ги­те ма­ке­дон­ски­те прет­став­ни­ци во ЛЕ, Шкен­ди­ја, Шку­пи, Ре­но­ва, ду­е­ли­те од пр­во­то ква­ли­фи­ка­ци­ско ко­ло ќе ги игра­ат след­ни­от че­твр­ток (27 август). Шкен­ди­ја и Шку­пи ќе па­ту­ва­ат за Азер­беј­џан, на ме­че­ви­те со Сам­ка­ит и со Неф­чи, а Ре­но­ва ќе му го­сту­ва на Ала­шкерт, во Ере­ван (Ер­ме­ни­ја). 


ЕХФ го утврди здравствениот протокол за новата сезона

Новата сезона ќе започне со квалификациските мечеви во ЛЕ (29-30 август), додека елитниот ракомет во ЛШ со дуелите во групната фаза во женска конкуренција (12 септември), а мажите четири дена подоцна.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) во пресрет на почетокот на новата натпреварувачка сезона, до клубовите учесници во натпреварувањата под нејзина капа, достави здравствено-хигиенски протокол „Враќање на ракометната хигиена“. Во протоколот клубовите и националните федерации се информирани дека барањата што се наведени се минимумот на кои мора да се придржуваат. Фокусот на концептот е обезбедување т.н. црвена зона на теренот, област во која е дозволен пристап само за оние со негативен тест.
Концептот, исто така, опфаќа детални барања и препораки што клубовите треба да ги следат во врска со персоналот за логистика, медиумите и гледачите. Tака, клубовите ќе треба, во консултација со Владата и здравствените власти во своите земји, да се договорат и да добијат дозвола за прием на навивачи на трибините на домашните средби.

Новата сезона ќе започне со квалификациските мечеви во Лига на Европа (29-30 август), додека елитниот ракомет во Лигата на шампионите (ЛШ) со дуелите во групната фаза во женска конкуренција (12 септември), а мажите четири дена подоцна.
Меѓу основните принципи во протоколот е наведено дека секој клуб што учествува во натпреварувањата на ЕХФ мора да именува одговорно лица за ковид-19, односно за ракување со упатствата и зачувување на потребната комуникација. Концептот бара тимовите и службените лица што учествуваат на терен да имаат негативен корона-тест. И покрај негативен корона-тест, од вклучените лица во натпреварите ќе се бара да имаат минимален контакт со други лица за време на патувањата, во хотелот или на местото на мечот. На теренот ќе мора да се спроведе црвена зона, односно област каде што е дозволено присуство на лица што покажале негативни тестови, а на минимум ќе треба да се сведе и задржувањето во соблекувалните и микс-зоната. Та.Д.