Австралиските власти соопштија дека заплениле голема количина на кокаин пронајден во рибарски брод во опасните води на Пацификот покрај брегот во источниот дел од земјата.
Надлежните органи во саботата вечерта пресретнале брод откако од новозеландските власти добиле информација дека плови во водите на Пацификот, каде посетители вообичаено не одат.
Следејќи го бродот властите на Австралија откриле дека на него од поголем брод е префрлена голема количина дрога. Според властите, поголемиот брод најверојатно е од Јужна Америка.
На бродот се наоѓале тројца мажи, кои се уапсени и на кои на суд им е одбиена кауција. Се работи за двајца Австралијанци на возраст од 32 и 27 години и еден маж од Хонгконг на 40 години. Ниту еден од нив се уште не се изјаснил за виновен, а доколку бидат осудени, би можеле да се соочат со доживотна казна затвор.
Австралиските власти соопштија дфека ова е најверојатно најголема заплена на кокаин во земјата од 2017 година.
Запленетата дрога се уште не е измерена, а се претпоставува дека тежи околу еден тон и дека нејзината вредност на австралискиот пазар изнесува околу 250 австралиски, односно 180 американски долари.