Јапонија го забележа својот најнизок БДП во историјата на мерењата, поради намалувањето на потрошувачката за време на пандемијата на коронавирус.
Третата најголема светска економија падна за 7,8 отсто во второто тромесечје во споредба со претходните. Се работи за годишна стапка на пад од 27,8 отсто, што е најлоша стапка од кога почнало мерењето на БДП во оваа земја.
Потрошувачката во Јапонија, во последното тримесечје се намалила за 8,2 отсто, бидејќи компаниите во земјата ја прекинаа својата работа за време на шест недели строги мерки на ограничување во април и мај.
Во Јапонија во август се забележани над 19.000 нови случаи на ковид-19, што од прилика е една третина од вкупниот број на евидентирани заболени во земјата од почетокот на пандемијата.