ДУИ ќе ја има поддршката од 12-те пратеници од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива само доколку премиерот Албанец, што го ветија, добие четиригодишен мандат, кажа Арбен Таравари од коалицијата Алијанса/Алтернатива во разговор за ТВ21.
Тој смета дека разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ се театар бидејќи двете партии веќе постигнале договор.