Во скопската полиција, вчера во претпладневните часови, било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Втора македонска бригада“, 32-годишен скопјанец со остар предмет се заканувал на вработениот и на гостите.
Според пријавеното, 55-годишен скопјанец, гостин во објектот, се обидел да го запре насилникот, но бил нападнат со остар предмет од друг гостин, при што се здобил со тешка повреда и веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата работи на расчистување на случајот.