Американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави денеска изрази загриженост поради зачестените барања на косовски Срби за напуштање на Безбедносните сили на Косово (ФСК), јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објава на Твитер, амбасадорот на САД во Приштина порача дека притисоците и заплашувањата од надвор врз Србите припадници на ФСК мора да престанат.
Deeply concerned about recent resignations of #Kosovo Serb members of the #KSF. External intimidation of KSF members is unacceptable. KSF’s diversity is a model for the country. It should be celebrated, not destroyed.
— Amb. Greg Delawie (@USAmbKosovo) July 6, 2018
– Заплашувањата од надвор на припадниците на ФСК се неприфатливи. Различноста на ФСК е модел за земјата. Тоа треба да се слави, а не да се уништува- напиша Делави.
ФСК и Косовските власти објавија дека барателите за ослободување од служба во Безбедносните сили на Косово, во нивните образложенија нагласуваат дека тоа го прават поради засилениот притисок од страна на властите во Србија и заканите што им се упатуваат ним и на нивните семејства.
Медиумите во Косово и Србија објавија дека од почетокот на неделава околу 30 Срби ја напуштиле службата во ФСК.