Американскиот заменик помошник државен секретар и раководител на Бирото за операции за конфликти и стабилизација (ЦСО), Пит Мароко од денеска до 18 јули ќе престојува во посета на Западен Балкан, соопшти Стејт департментот.
Во соопштението се посочува дека Мароко ќе ги посети Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија.
Целта на балканската турнеја на Мароко е да се манифестира дека континуираниот ангжаман во Западен Балкан претставува врвен приоритет на ЦСО.
Предвидено е Мароко со своите домаќини да разговара за регионалните иницијативи за борба против насилниот екстремизам и да се поттикне зајакнување на меѓуверскиот дијалог во регионот на Западен Балкан.
Во соопштението на Стејт департмненто се додава и дека Мароко ќе ја изрази дипломатската поддршка за перспективите за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ.