Според последните податоци на здравствените власти, во последните 24 часа во Србија се регистрирани 372 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи.
Добиените резултати за последното деноноќие произлегуваат од 9.653 направени тестови.
Во моментов во болниците се хоспитализирани 4.501 лице со ковид-19, а на респиратори се 143 пациенти.
Од почетокот на епидемијата во Србија од компликации предизвикани од коронавирусот починале вкупно 558 лица.