Албанскиот премиер Еди Рама денеска експресно возврати на критиките на американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу околу неуспехот на албанската полиција во апсењето на „балканскиот Ескобар“, Клеменд Балили.
Рама оцени дека знае оти апсењето на ова лице од светот на криминалот е неопходност, но оти тоа не е лесно.
-Ја разбирам загриженоста што ја нагласи нашиот пријател, амбасадорот Лу, поврзана со една од повеќето личности од висок профил на организираниот криминал и секако без дискусија апсењето на личност од подземјето е неопхосност и ќе биде голем успех. Но, не заборавајте дека не беше пред 40 години, туку тој само пред неколку години беше директор. Беше директор, политички поврзан и промовиран не како директор за риболов, туку директор за транспорт. Денес се бара со потерница и дефинитивно во соработка со партнерите, порано или подоцна тој ќе биде уапсен иако тоа не е лесно, како што покажуваат и примерите во САД или во Италија, кога станува збор за такви профили – рече Рама, на трибина „Силата на законот во акција: постигнувања и предизвици“ веднаш по обраќањето на амбасадорот Лу, кој ги критикуваше полицијата и обвинителството дека потфрлиле во апсењето на „водачите на криминалот“,споменувајќи го како пример Балили.
Голема улога, околу казнувањето на криминалците, смета Рама, има судот, кој, како што рече стотици од нив ги ослободил во судница.
– Постојат повеќе од 100 случаи на криминалци кои биле пуштени од судницата од страна на судијата и откако излегле го повториле делото, убиства, силувања и развојништа, три категории за кои во судницата никој не може да биде прогласен за невин. Свесни сме дека овој процес не може да се случи за кратко време, но е процес од кој нема враќање назад – нагласи Рама.
Тој посочи дека полицијата гарантира оти во Албанија веќе не постојат „недопирливи“, било да станува збор за помали или големи прекршоци.
– Поентата е павниот систем да гарантира дека неказнивост повеќе не постои – додаде Рама.