Од последниот пресек на состојбата во Србија, уште 10 лица официјално починаа од ефектите на коронавирусот, така што вкупниот број се искачи на 482, соопшти на прес-конференција српскиот министер за здравство Златибор Лончар. Во последните 24 часа, за коронавирус биле тестирани 8.349 лица, а регистрирани се 359 нови случаи. На респираторот има 190 лица.
Лончар рече дека вкупно 550 здравствени работници се позитивни, а 50 од нив се во болница.Бројот на излечени е 14.114, рече Лончар.
Од почетокот на епидемијата, во Србија се потврдени 21.253 случаи на инфекција.Стапката на смртност е 2,27 отсто. Бројот на хоспитализирани е 4.762, а бројот на активни случаи е 6.623.
До 15 часот на 20 јули, вкупно 558.440 лица кои ги исполниле критериумите за утврдување на случајот, се тестирани во Србија.