Австралискиот парламент ја прекина работата во наредните две недели за да не се заразат пратениците со коронавирусот, изјави денеска премиерот Скот Морисон.
Одлуката е донесена откако повеќе од 400 заразени со вирусот беа регистрирани во Мелбурн во петокот, и покрај тоа што пред една недела повторно беше воведен карантин.
Морисон рече дека владата не може да го игнорира ризикот од зараза на пратениците.
Во Австралија, која има околу 25 милиони жители, има 11.400 заразени, од кои 118 починале.