Според Државната изборна комисија до 15 часот во Петтата изборна единица, во која право на глас имаат вкупно 314.489 избирачи, на 159 избирачки места гласале вкупно 99.694 илјади,што изнесува 31,7 проценти.
Многу поголема е излезноста во Битола, каде до 15 часот од 79.606 граѓани со право на глас гласале вкупно 30.619 избирачи што изнесува 38,46 отсто. М.М.