Граѓани во Белград, кои се собраа вечерва пред српското Собрание, незадоволни од повторното воведување полициски час, ги пробија вратите на Собранието и влегоа во зградата.
Според локалните медиуми, полицијата употребила сила во обидот да ги спречи. Стотици граѓани се собраа вечерва поради најавата дека од петок ќе биде воведен полициски час со цел да се спречи ширењето на коронавирусoт.
Граѓаните извикуваат „Вучиќ крадец“, „Оставки“.