Новаци

Во селата Горно и Долно Агларци, во Општина Новаци, се направени рекреативни паркови во кои возрасните ќе одмораат и ќе се дружат, а најмладите ќе се забавуваат. Жителите на овие две села деновиве, кога најчесто се загрижени поради коронавирусот, можеа конечно да се израдуваат. Општина Новаци, која во континуитет работи не само за подобрување на условите за живеење во сите населени места во општината туку и инвестира во подигнување на паркови, со средства од програмата за фосилни горива, преку Министерството за животна средина инвестира во изградбата на двата рекреативни парка, еден во Горно Агларци и еден во Долно Агларци.

По барање на локално население од овие две соседни села, извршена е реконструкцијата на двата постојни бунари во двете населени места, со комплетно партерно уредување. Парковите располагаат со детски реквизити, клупи за седење, летниковци, реконструирани бунари и друга урбана опрема. Најмногу на изградбата на двата парка во Агларци се израдуваа најмладите жители од овие две села, а и возрасните, кои во прекрасно уредените паркови ќе можат во слободното време да се дружат и да разговараат меѓу себе за нивното минато и секојдневие.

– Не само жителите на Агларци туку и јас сум презадоволен од изградбата на двата парка во Долно и Горно Агларци. Навистина благодарение на инвентивноста на проектантите добивме паркови, какви што ретко можат да се најдат и во некои градски средини – вели градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски.