Со коронавирус се заразени уште тројца учесници на тенискиот турнир во Задар, покрај Григор Димитров, соопштуваат регионалните медиуми, повикувајќи се на изјавата на началникот на Одделението за цивилна заштита на задарската жупанија, Шиме Вицковиќ кој истакна дека „тројца тенисери“ се заразени, иако терминот тенисери не е најточно употребен.
Меѓу заразените е хрватскиот тенисер Борна Ќориќ, како и кондициониот тренер на Новак Ѓоковиќ, Марко Паники, односно кондициониот тренер на Димитров, Кристијан Грох. Ќориќ и Паники кои не покажуваат симптоми на ковид-19, ќе останат во самоизолација во Задар и ќе бидат повторно теснитрани по пет дена.
Од 22-те лица кои ноќеска биле тестирани, а кои биле во контакт со бугарскиот тенисер, 19 се негативни. Новак Ѓоковиќ не чувствува никакви симптоми па не отиде на итно тестирање со останатите учесници на „Адрија тур“ во Задар, туку одлучи да се тестира во Белград, каде што се враќа денеска. Сите членови на тимот на најдобриот светски тенисер се негативни, како што покажале тестирањата.