Ненадејно почина портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.
Тој на јавноста ѝ беше познат од ТВ-екраните како новинар во Канал 5 и во МРТВ, а во последните години како портпарол на ЕВН.
Ковачевски почина на 50-годишна возраст.
Колеги и пријатели на социјалните мрежи изразуваат сочувство и се простуваат од Ковачевски.