Владата на поширокиот регион на Токио соопшти дека потврдила 48 нови случаи на инфекција со коронавирус во јапонската престолнина, што е најголемото секојдневно зголемување на бројот на заразени од почетокот на мај.
Таа бројка го надмина бројот на 47 заразени претходниот ден, во кој се вклучени многумина кои биле гости на ноќни клубови и слични места за забава, зголемувајќи ги стравувањата дека Јапонија би можела да се соочи со ненадеен скок на бројот на заразени по укинувањето на вонредната состојба и започнувањето на деловни активности.
Потврдени се вкупно 5.592 случаи на инфекција во Токио, кој е најтешко погодената од 47-те јапонски префектури.
Најновата бројка е највисока од 5 мај, откако градските власти во Токио објавија 57 потврдени случаи.
Дваесет од денешните 48 потврдени случаи од групата се тестирани лица кои работат во објекти за ноќна забава, што е нова мерка воведена во Токио, соопштија градските власти.
Бројот на нови инфекции се намали во Токио кон крајот на мај. Како и да е, тие скокнаа повторно откако беше укината вонредната состојба на 25 мај за последната група префектури, вклучувајќи го и Токио.
Иако 29 префектури објавија нулта број на заразени во трите недели по укинувањето на вонредната состојба, епидемијата не се намали во префектурите Токио и Хокаидо.
Бројот на нови инфекции расте во Токио од недела до недела, додека оние под 40-годишна возраст претставуваат повеќе од 60 проценти од случаите.
На 2 јуни, кога дневниот број нови случаи беше 34, владата издаде предупредување наречено „токиска тревога“ за подигање на јавната свест, пренесува јапонската новинска агенција „Кјодо“.