Премиерот Зоран Заев денеска е во Брисел на средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Средбата се одржува на десеттина дена пред Самитот на Алијансата во Брисел од кој Македонија очекува да и биде упатена официјална покана за членство во НАТО.
Заев пред денешната средба со Столтенберг изјави дека очекува да биде информиран дека на Самитот на Алијансата на 11 и 12 јули Македонија ќе ја добие долго очекуваната покана.
Следете ја во живо средбата на следнив линк.