Синоќа во 1 часот по полноќ на влезот во Струмица, полициски службеници откриле 35 мигранти (21 од Бангладеш, 11 од Пакистан и трoјца од Сирија).
Подоцна, во 8 часот кај Кванташки пазар во Струмица, откриени биле уште тројца мигранти од Пакистан.
Мигрантите биле предадени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а полицијата работи на расчистување на случајот.