Дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието вина, е осуден на една година заѕвор.
Апелациониот суд ја преиначи првичната пресуда за Љупчо Стојановски, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје.
На 11 јули се закажани завршните зборови за второто кривично дело „обид за убиство“. Адвокатката Павлина Зефиќ рече дека ќе ги вложат сите правни лекови за да ја оспорат пресудата.
Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој се товареше за две кривични дела – „обид за убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.