Меѓународната скијачка федерација (ФИС) на видеоконференција го потврди новиот датум за одржување на претстојното Светско првенство (СП) во скијачки летови. Одлучено е тоа да се одржи на крајот од годинава, поточно од 11 до 13 декември и тоа на најпознатата светска леталница Планица, во Словенија.
СП во скијачки летови првично требаше да се одржи од 19 до 22 март, но истото тоа беше одложена до крајот на годинава поради појава на пандемијата на коронавирусот.
ФИС го потврди и календарот за натпреварувачката сезона 2020/2021 и формира специјални тимови за процена на состојбата со пандемијата на коронавирусот, кои, пак, истовремено ќе подготват и упатства за натпреварите.
Светски првак од последното СП одржано лани во Оберсдорф (Германија) е Норвежанецот Даниел Андре Танде, а во екипна конкуренција златото го освои репрезентацијата на Норвешка.