Францускиот претседател Емануел Макрон денеска имаше приватна средба со папата Франциск, која траеше рекордни 57 минути, а за време на ауденцијата, папата му подарил бронзен медљон со Свети Мартин, симбол на солидарноста и грижата за другите.
Макрон на папата му го подарил првото оригинално издание на италијански јазик од 1949 година од „Дневникот на селскиот свештеник“ од католичкиот писател Жорж Бернанос, кого папата многу го цени.
Француските медиуми известуваат дека Макрон и папата се разделиле после долга прегратка и потенцираат дека францускиот претседател е светскиот државник со кого папата најдолго разговарал.
На средбата, главно разговарале за ситуацијата со мигрантите кои илегално доаѓаат во Европа. По тет-а-тет средбата, на состанокот се придружила и сопругата на Макрон – Брижит, и француска министерка делегација.