Роби Вилијамс ќе им се придружи на своите поранешни колеги од познатиот британски бенд „Тејк дет“ и тие ќе настапат заедно на онлајн концерт за добротворни цели. Поп-ѕвездата (46) и бендот од врвот на топ-листата, во кој се Гери Барлоу, Хауард Доналд и Марк Овен, се подготвуваат за својот прв заеднички настап по две години среде пандемија на ковид-19.
– Навистина се радувам за повторниот настап со момците, тоа секогаш е големо задоволство за мене – рече Роби.
Свирката е закажана за 29 мај и ќе се емитува во живо на Јутјуб и на Фејсбук лајв. Групата, од удобноста на своите домови, ќе изведе некои од своите најпознати хитови.