Пет пациенти од коронавирус во земјава се излекувани со крвна плазма, соопшти на Фејсбук, министерот за здравство Венко Филипче.
Тој соопшти дека на Институтот за трансфузиона медицина, денеска во употреба е пуштен новиот клеточен сепаратор за плазмаферза.
– Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со ковид-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити – објасни министерот.
Тој напоменува дека плазмата дава резултати и дека сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат.