По изјавата на Стево Пендаровски во која тој вели дека е против идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина, експресна рекација од Србија.
Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин оценува дека Пендаровски во Македонија малкумина го прашуваат за било што, а уште помалку е битно што мисли за прашањата во соседните земји.
-Претседателот на Северна Македонија, може слободно да молчи на јазикот којшто никој, освен Србија не го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи бидејќи ниту некој бара, ниту му го прифаќа мислењето, пренесува РТС
Пендаровски дал изјава за приштинскиот весник „Газети експрес“, а од неговиот кабинет за весникот рекле дека ова решение би имало штетни последици за регионот и би го загрозило цел напредок во последните 20 години.