Во тешка сообраќајка на патниот правец Штип-Радовиш повредени се 12 лица од Бангладеш и Шри Ланка.
Од Штипската клиничка болница потврдија дека се примени 12 повредени од сообраќајката и се прегледани од хирург и ортопед.
Директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев изјави дека по извршените прегледи и добиени снимки ќе се утврди кои од повредените ќе бидат задржани на болничко лекување.
Како што претходно соопшти АМСМ, сообраќајот Радовиш-Штип кај рудникот Бучим е во прекин во двата правци.