Тројца членови на мировните сили на Обединетите нации во Мали загинаа, а четворица беа сериозно повредени кога импровизирана експлозивна направа експлодира за време на рутинска патрола, објавија Обединетите нации.
– Ние ќе ги обединиме сите напори да ги идентификуваме и уапсиме одговорните за овој терористички напад, за да можат да одговараат за сторените злосторства – се вели во соопштението на Махамат Салех Анадиф, шеф на мисијата на ООН во Мали.
Нападот се случил во северниот регион на Мали, објави „Ројтерс“.