Мадона (61) се обиде да ја разјасни ситуацијата откако минатата недела откри дека има позитивен тест за антитела на коронавирус. Пејачката сега тврди дека била болна за време на нејзината светска турнеја „Мадам екс“ на почеток на оваа година, пишува „Експрес“.
Големата турнеја на Мадона која започна во септември минатата година, беше прекината поради ковид-19, бидејќи организаторите забранија собири на повеќе од 1.000 луѓе за да го намалат ширењето на пандемијата.
По збунетоста околу тоа дали таа навистина била заразена од коронавирус или не, Мадона се обиде да ја појасни ситуацијата преку објава на Инстаграм.
– Само за да се расчистат работите за луѓето кои повеќе би сакале да веруваат во сензационалистичките наслови отколку да направат свои истражувања за природата на овој вирус – јас во моментов не сум болна. Кога тестовите се позитивни за антитела, тоа значи дека вие го имате вирусот, што е јасно, затоа што бев болна на крајот од мојата турнеја во Париз пред повеќе од седум недели – напиша музичката ѕвезда.
Мадона откри и дека таа не била единствената што била болна во тоа време. Таа објасни дека и другите уметници и танчари кои учествувале во нејзиното шоу исто мислеле дека имаат „многу лош грип“.
– Фала му на Бога, сите сме здрави и добри сега. Благодарна сум што можам да бидам дел од поддршката за истражувањата за наоѓање на лек против ковид-19 – истакна Мадона, која донираше 1,1 милиони долари за развој на вакцина против ковид-19