Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на Фејсбук објави честитка за матурантите кои „пишуваат историја“.
Но, тоа не е обична честитка, туку мапа на Голема Унгарија. Притоа им посака среќа на учениците.
Ова не е првпат Орбан да објави мапа. Тоа го стори и во декември, кога објави фотографија од состанокот на претседателството на партијата Фидес, што се одржа пред големата мапа на „историска Унгарија“.
56. Az érettségizők történelmet írnak. Hajrá // 56. A historic exam. Good luck!
Posted by Orbán Viktor on Вторник, 05 мај 2020
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, во тоа време рече дека, колку што знаел, тоа не е првпат картата да биде прикажана на состаноците на Фидес, пишува хрватски „Индекс“.
Минатиот јуни, на твитер-страницата „За Унгарија“ објави илустрација со која се сугерира дека по Првата светска војна и Тријанонскиот договор, на Унгарија и биле одземени две третини од територијата, вклучувајќи дури 63 000 квадратни километри кои се дел од денешна Хрватска, Словенија и Србија.
Кога Орбан го посети Осиек во јуни, каде што го пречека Пленковиќ, тој носталгично зборуваше за Славонија и Барања како „најбогатите делови на нашата (унгарска) држава“.