Во текот на изминатото деноноќие едно лице од Кичево не го почитувало полицискиот час. Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена кривичана по член 206 од Кривичниот законик, „непостапување според здраствените прописи за време на пандемија“. Во истиот период не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.
Во Општина Кичево евидентирани се шест лица во самоизолација, а во изминатото деноноќие извршени се 5 контроли и не се регистрирани нерегуларности. Во истиот период на ниво на СВР Охрид извршени се и 23 контроли врз угостителски објекти, од кои дел и во Кичево и таму не се регистрирани недоследности.
Инаку, фреквенцијата на луѓе во текот на денот во Кичево е голема. Со мали исклучоци, граѓаните носат заштитни маски и за разлика од претходно, сега без опомена ставаат заштитни маски, кога влегуваат во затворен простор како во маркети, банки, аптеки и на сите места каде што на мал простор има поголема концентрација на луѓе. З.А.