Убави и негувани и во третата доба
Достоинственото стареење е најдобриот начин да се соочите со годините. Тоа подразбира правилна нега на косата и на кожата, складно облекување и водење сметка за килограмите. Затоа еве неколку совети како да изгледате убаво и негувано и во третата доба.
Хидратација: Сувата кожа не изгледа убаво ниту кај девојките, а камоли кај зрелите жени. Купете соодветен хидратантен крем за секојдневна употреба. Негуваната кожа подобро старее.
Шминка: Најдобро е да употребувате мат тонови со неутрални бои, на пример сива. Избегнувајте сјајни сенки и оние со светкави елементи.
Бронзер: Ова е моќно оружје за посвежо лице. Изберете некој што е за две нијанси потемен од вашиот тен.
Свила: Користете свилени навлаки за перници, за наутро лицето да не ви биде како стуткано.
Раце: На рацете не можете да ги скриете годините, па затоа е важно редовно да ги мачкате со крем и да ја одржувате хигиената на ноктите.
Облека: Тоа што сте во категоријата 50+ не значи дека сте невидливи. Потрудете се вашата појава да остава впечаток, а клучот е во правилниот избор на облека. Не избегнувајте трендовски парчиња, но не заборавајте дека не сте тинејџерка. Многу подобро ќе изгледате во класични панталони, здолниште и сако.