Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот. Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите).
Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.

Пример. Линија 15 (Ново Лисиче-Карпош 4). Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 часот, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02 часот, 7.46 часот, 8.08 часот (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12.32 часот (прв наведен термин во прилогот од 13 часот), 13.38, 14 часот и 14.22 часот (последен наведен термин во прилогот пред 16).

Работно време на билетарници и центри за персонализација во работни денови

Билетарници
Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Центри за персонализација
Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.

Во соопштението се наведува дека ЈСП Скопје не одлучува самостојно за режимот на јавниот превоз, туку тој е согласно мерките, препораките и насоките на сите надлежни институции задолжени за справување и превенција од ширење на коронавирусот.