Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, евидентирано е дека на ниво на целата држава 84 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 31 лице им се издадени решенија за изолација, а 43 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.